петок, 23. јули 2021. Вести денес: 27
home Фудбал

Се огласи и Арнаутовиќ по срамните провокации: Немаше расистички зборови кон Алиоски, по мечот разговаравме и ја расчистивме работата

Се огласи и Арнаутовиќ по срамните провокации: Немаше расистички зборови кон Алиоски, по мечот разговаравме и ја расчистивме работата

По постигнатиот гол, Марко Арнаутовиќ наместо да му се израдува на погодокот, тој се нафрли со пцовки кон Езгјан Алиоски.

Арнаутовиќ беше стрелец на третиот гол за Австрија во нивната победа над Македонија од 3-1. Австријскиот напаѓач е во центарот на вниманието поради неговиот примитивен испад.

Наместо да му се израдува на голот, тој се сврте кон Алиоски и почна да го пцуе и да гестикулира кон него. Тоа го правеше се додека Алаба не притрча да го смири.

Дел од медиумите на Балканот потенцираа дека станува збор за расистички навреди. Сепак, ваквите вести беа демантирани од самиот Арнаутовиќ, кој одби секаква поврзаност со политика и расизам.

-Навистина ме погоди тоа што се пишуваше за мене. Јас не сум расист и никогаш нема да бидам. Провокациите со противниците е дел од фудбалската игра. По мечот застанавме еден до друг, разговаравме и ја расчистивме работата, рече австиркиот напаѓач.

Инаку, Македонија со резултат од 3:1 го загуби првиот натпревар на ова ЕП.

Коронавирус