сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 132
home Фудбал

„Се надевав дека Меси ќе остане да игра бесплатно во Барселона“

„Се надевав дека Меси ќе остане да игра бесплатно во Барселона“

Претседателот н а Барселона, Жоан Лапорта, даде едно доста интересно интервју за „RAC1“, во кое се осврна на актуелната ситуација во клубот, но и околу Лео Меси.

Изјавата за Меси ќе привлече посебно внимание со оглед на тоа дека Лапорта се надевал дека Меси ќе остане да игра во Барселона за ситница.

„Не му се лутам на Меси. Знам дека имаше огромна желба да остане, но исто така и голем притисок поради понудата која ја имаше од Пари Сен Жермен. Сите знаевме дека Меси има доста силна понуда, но јас до последен момент се надевав дека тој ќе остане во Барса да игра бесплатно“.

„Тоа многу ќе ми се допаднеше. Мислам дека дури ни Ла Лига не би ни правила проблем, но не можевме да го бараме тоа од таков играч, тој со имаше своја понуда и веќе беше со мислите во Париз. Но и да останеше, немаше да го оставиме така лесно, кога ќе се поправеше нашата економска ситуација, тој ќе го добиеше својот дел“, открива Лапорта.

Локални избори 2021