сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 11
home Фудбал

Се бројат деновите на Солскјер: Манчестер Јунајтед го контактирале Зинаедин Зидан?!

Се бројат деновите на Солскјер: Манчестер Јунајтед го контактирале Зинаедин Зидан?!

Оле Гунар Солскјер ги бори можеби последните денови на клупата на Манчестер Јунајтед.

Веќе некое време се шпекулира со потенцијални замени, а шпекулациите станаа уште поголеми после дебаклот со Ливерпул.

Новинарот Фабрицио Романо истакнува дека фаворит е Антонио Конте. Сепак, одредени шпански медиуми објавуваат дека клубот веќе го контактирал Зинедин Зидан, француската легенда и играчка и тренерска која со Реал Мадрид како тренер освои три трофеи во Лигата на шампионите во три сезони.

Зидан летово го напушти Мадрид и од тогаш е без клуб. Како што пишуваат англиските медиуми важен аргумент во корист на Зидан е враќањето на Кристијано Роналдо во клубот, со што би се обновила одличната соработка од Мадрид.

Покрај тоа, Дејли Мејл пишува дека Зидан е еден од ретките кои би можеле да го разбудат Пол Погба и да помогнат во операцијта за негово задржување на Олд Трафорд.

Коронавирус