вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 111
home Фудбал

Саутгејт вели дека е рано да се зборува за продолжување на неговиот договор

Саутгејт вели дека е рано да се зборува за продолжување на неговиот договор

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт не соопшти детали од разговорите со Англиската федерација за продолжување на договорот.

– Со сета почит, она што го зборувам со Фудбалската асоцијација на Англија за мојот договор не засега никого освен нас. Единственото нешто што ќе го споделам е дека треба да ги подобриме нашите квалификациски позиции пред да седнеме и да ги водиме овие разговори. Мораме да се фокусираме на освојување бодови потребни за да се квалификуваме и да ја однесеме репрезентацијата на Светското првенство. Тогаш ќе има доволно време да се зборува за тоа, изјави Саутгејт за Би-би-си Спорт“.

Англија во следниот период ќе одигра два натпревари, на 12 ноември против Албанија и на 15 ноември против Сан Марино. „Гордиот Албион“ 20 бодови е на првото место во Групата-И во мундијалските квалификации.

Коронавирус