Англија се пласираше во полуфиналето на ЕВРО 2024 по победата во пенал-серијата над Швајцарија на мечот во Дизелдорф и според селекторот Герет Саутгејт тоа е само потврда на карактерот на оваа селекција.
„Никогаш не сме биле во големото финале надвор од Англија, и никогаш не сме го освоиле европското првенство – тоа се два дела во историјата кои сакаме да ги исправиме“ – дополнува Саутгејт.