сабота, 7. декември 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

Саутгејт по 7:0: Има нешта кои треба да ги подобриме

Саутгејт по 7:0: Има нешта кои треба да ги подобриме

Тренерот на Англија, Герет Саутгејт не го криеше задоволството по победата на „Вембли“ со 7:0 над Црна Гора. Тоа беше успехот што го запечати пласманот на Британците за завршницата на ЕП 2020.

– Игравме комбинирано, добро си подававме и ладнокрвно ги завршувавме ситуациите, што ги создававме. Во минатото, имавме проблеми против екипи кои се аутсајдери и делуваат многу дефанзивно. Но, сега имаме играчи способни да се справат со секоја одбрана. Ја освоивме нашата група без многу стрес. Секако, има работи што треба да ги подобриме. Играта без топка е меѓу нив. Важно е дека работиме и се стремиме да се развиваме постојано, изјави англискиот ментор.

Во последниот квалификациски дуел, „трите лава“ ќе го посетат Косово во натпревар, кој нема важност за двете екипи.