недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Саутгејт не очекува заморот да влијае врз Хрватите

Саутгејт не очекува заморот да влијае врз Хрватите

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, не очекува на полуфиналниот натпревар на Светското првенство да влијае фактот дека хрватската репрезентација имаше подолг и поисцрпувачки четвртфинален натпревар.

Англија во четвртфиналето ја совлада Шведска со 2:0, додека Хрватска против Русија играше и две продолженија, а победи дури по пенал серијата.

– И ние игравме продолженија, шутиравме пенали… и знаеме колку тоа исцрпува и физички и емотивно. Но, тим кој стигнал до полуфиналето на Светското првенство ќе пронајде енергија и мотив. Нема да победиме само затоа што Хрватите поминале половина час повеќе на теренот од нас и тоа пред три дена. Мораме да победиме затоа што сме подобри, истакна Саутгејт.

За англиската репрезентација ова е можност да се бори за финале првпат по 1990 година

– Ќе продолжиме на истиот начин како и досега, односно ќе бидеме дисциплинирани и организирани. Хрватите имаат добар среден ред и затоа ќе мора да водиме сметка за контролата на теренот. Имаме шанси и знаеме што сакаме и како да го направиме тоа, наведе англискиот селектор.

Полуфиналниот натпревар меѓу Англија и Хрватска се игра утре од 20 часот во Москва.

МИА

Коронавирус