четврток, 5. август 2021. Вести денес: 77
home Фудбал

Саутгејт: Не мора да бидеме фудбалски снобови!

Саутгејт: Не мора да бидеме фудбалски снобови!

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Герет Саутгејт зборуваше за настапот на неговиот тим против Хрватска (1:0) на ЕВРО 2020.

-Момците се способни да донесуваат одлуки. Ние им даваме модели кои можат да се користат во зависност од тоа како противникот притиска. Имаше краток период кога игравме со долги додавања. Зборувавме за тоа за време на паузата. Не сакавме да играме така цело време. Но, постојат моменти кога можете да применете нешто различно од договореното. Играчите не мора да бидат фудбалски снобови. Разновидноста е важна кога играте против врвни екипи, изјави Саутгејт.

Англија в петок, во 2. коло се среќава со Шведска. (МИА)

Коронавирус