среда, 28. јули 2021. Вести денес: 178
home Фудбал

Саутгејт: Можност за овој тим да влезе во историјата

Саутгејт: Можност за овој тим да влезе во историјата

Утрешниот натпревар на Англија во осминафиналето на ЕУРО 2020 против Германија е можност овој тим да „замине во историјата“, вели менаџерот на Англичаните Герет Саутгејт, пренесува Би-Би-Си.

Саутгејт се надева дека ќе ја предводи Англија во четврт-финалето откако беше меѓу најдобрите четири селекции на Светското првенство во 2018 година.

Тој сака неговите играчи да напишат ново поглавје за ривалството помеѓу Англија и Германија, а неколку се премногу млади за да се сетат на претходните клучни средби.

„Натпреварот веројатно вреди повеќе од фазата на второто коло – рече тој.

Тоа е одлична можност за овој тим да замине во историјата и да им даде на луѓето сеќавања на средбите на Англија и Германија во иднина, кои се малку поразлични од оние презаситени во последните неколку дена, и кои апсолутно не им значат ништо затоа што тие дури и не се родени“ – изјави Саутгејт.

Коронавирус