Саудиска Арабија е подготвена да пречека и организира турнир за 64 репрезентации на Светското првенство (СП) во 2034 година, доколку Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го прифати предлогот за проширување.
Принцот Абдулазиз бин Турки Ал-Фаисал кажа дека неговата држава не е против идејата да се прошири Мундијалот со повеќе учесници.
Богатата земја до 2032 година планира да реконструира и изгради вкупно 15 стадиони, со што би се задоволиле потребите.
Ал-Фаисал, исто така, потврди дека на СП 2034 нема да има алкохол затоа што е забранет во нивната држава.