среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 158
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Сари со коментар за евентуалниот трансфер на Меси во Јуве

Сари со коментар за евентуалниот трансфер на Меси во Јуве

Вербалната војна помеѓу суперѕвездата на Барселона, Лионел Меси и спортскиот директор Ерик Абидал ги засили гласините за евентуално заминување на „болвата“.

Италијанскиот хегемон Јувентус е една од опциите на медиумите за следната дестинација на Аргентинецот, а од тренерот на „старата дама“, Маурисио Сари, се очекуваше да биде побаран за коментар.

– Лео е фудбалер на Барселона. Ако јас бев шеф на Барса, сега би рекол„ што по ѓаволите сака овој Сари“. Затоа претпочитам да не одговорам на тоа прашање, рече мистериозно стратегот, чија иднина веројатно нема да биде поврзана со Јуве.

Се повеќе се шпекулира дека раководството на Јувентус има голем план да го назначи менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола за регрутирање на Меси во клубот.

Двајцата беа дел од златната ера на Барса во 2008-2012 година, кога двапати ја освоија Лигата на шампионите и три пати Ла Лига.