четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Сари незадоволен од играта против МОЛ Види

Сари незадоволен од играта против МОЛ Види

Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари, изјави дека не особено задоволен од победата на неговата екипа со 1:0 над МОЛ Види во Лигата на Европа.

Алваро Мората ја донесе победата на тимот од Лондон, но тој исто така се истакна и со неколку шокирачки промашувања. „Сините“ на „Стемфорд Бриџ“ не успеаја да постигнат втор гол и да решат сè во своја корист, и мораа да треперат до последно неколку пати, бидејќи гостите пропуштија добри можности за да израмнат.

– Мислам дека не игравме добро. На највисоките позиции бевме пристојни и создадовме ситуации, но во одбраната дозволивме многу грешки. Треба да играме за три дена и тоа е тешко. Затоа мораме да го имаме вистинскиот менталитет. Постои опасност во секој натпревар да излеземе без доволно психичка сила и енергија. Сепак, јас сум среќен со тимот. Ова е тежок период од сезоната, а најважни се резултатите, сподели Италијанецот по мечот.

Тој додаде дека ќе мора да замени многу играчи за следниот натпревар со Саутемптон.

– Ќе ни биде тешко да се подготвиме, бидејќи многу играчи ќе бидат уморни утре, рече Сари.

(Миа)

Коронавирус