вторник, 13. ноември 2018. Вести денес: 118
home Фудбал

Сари незадоволен и покрај победата над БАТЕ Борисов

Сари незадоволен и покрај победата над БАТЕ Борисов

Тренерот на Челзи, Маурицио Сари не е задоволен од прикажаното на неговите избраници на дуелот со БАТЕ Борисов и покрај победата на гостински терен со 1:0.

– Не одигравме како што треба, особено не во првото полувреме. Нешто подобри бевме во вториот дел. Точно дека и условите за игра не беа добри, но единствено што е добро по нас на овој меч е резултатот, изјави италијанскиот фудбалски стручњак.

Челзи со триумфот кај БАТЕ Борисов, по четири рунди во Лига Европа го обезбеди пласманот во следната фаза.

Сари го пофали стрелецот на голот Оливие Жиру кој погоди по речиси 800 минути се запиша во листата на стрелците.

– Работеше напорно и среќен сум што успеа да реализира. Тоа е важно за неговата самодоверба, а значајно е и за нас како тим, додаде Сари.

МИА