сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 23
home Фудбал

Сари: На Мората му недостига самодоверба

Сари: На Мората му недостига самодоверба

Напаѓачот на Челзи Алваро Мората од почетокот на сезонава се наоѓа во слаба форма, а според тренерот Маурицио Сари фудбалерот има проблем со самодовербата.

Мората настапи на синоќешното гостување во Солун против ПАОК во првото коло од Лига Европа, но и покрај неколкуте шанси не успеа да се запише во листата на стрелците и остана само со еден погодок постигнат во Премиер лигата.

– Алваро треба да си ја врати самодовербата. Се надевам дека во иднина ќе можам да му помогнам, но тоа се постигнува со голови. На овој натпревар имаше три или четири шанси, но едноставно немаше среќа, истакна Сари.

Челзи го совлада ПАОК со 1:0, а стрелец на единствениот гол беше Вилијан во седмата минута. (МИА)

Коронавирус