петок, 4. декември 2020. Вести денес: 154
home Фудбал

Сари е најстариот тренер што го освои италијанскиот шампионат

Сари е најстариот тренер што го освои италијанскиот шампионат

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, стана најстариот предводник на еден тим во Серија А кој ја освоил шампионската титула.

Сари го освои Скудетото на возраст од 61 година и 6 месеци.

Претходно, рекордот го имаше Нилс Лидолм, кој во 1983 година стана шампион со Рома на возраст од 60 години и 7 месеци.

Воедно, Сари е меѓу заслужните за достигнувањето италијански тренери за првпат во историјата да стигнат до титулата во Серија А десет пати по ред.

Низата почна со Масимилијано Алегри н клупата на Милан во сезоната 2010/11. Потоа девет години на тронот е Јувентус предводен од Антонио Конте три пати, Алегри пет пати и оваа сезона од Сари.

Последниот странски тренер кој станал шампион на Италија е Португалецот Жозе Мурињо, кој го доведе Интер до титулата во сезоната 2009/10.

Коронавирус