четврток, 17. октомври 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

Сари: Дербито против Сити ќе се реши во средината на теренот

Сари: Дербито против Сити ќе се реши во средината на теренот

Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари очекува денешното дерби против Манчестер Сити да се реши во средината на теренот. Двата тима ќе се сретнат еден против друг на „Етихад“ во натпревар од 26-тото коло на Премиер лигата, а „сините“ ќе излезат во судирот, во улога на аутсајдери.

– Мислам дека можеме да ја играме нашата игра, ако прво го спречиме Фернандињо. Не мислам дека овој натпревар ќе се одлучи од напаѓачите, туку во средината на теренот, објави италијанскиот стручњак на пресконференцијата пред натпреварот.

Тој очекува „пеколно тежок меч“, но додаде дека неговиот тим нема да се предаде и ќе се обиде да постигне добар резултат.

– Очекувам противникот да се обидува секогаш да ја контролира топката, тие можат да го направат тоа. Сигурно средбата ќе биде пеколно тешка за нас, нема спор по прашањето. Во принцип ние сме навикнати да ја контролираме топката во средбите во кои играме, така да овој судир ќе биде различен за нас. Сепак нема да се предадеме и ќе се обидеме да постигнеме добар резултат. Ќе направиме обид да го играме нашиот фудбал и ако работите излезат според планот, ќе биде супер, изјави тој.