вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 176
home Фудбал

Сарагоса остана без Примера

Сарагоса остана без Примера

Реал Сарагоса нема да игра во најквалитетната фудбалска лига во Шпанија ниту следната сезона, откако не успеа во квалификациите за влез во Примера.

Сарагоса синоќа на домашен терен загуби од Нуминасија со 1:2, а голот кој ја чини елиминација во полуфиналето на плејофот, домашната екипа го прими во судиското надополнување.

На првиот натпревар резултатот беше нерешен 1:1, па Нумансија со вкупни 3:2 оди понатаму.

Во финалето Нумансија ќе го чека подобриот до двомечот меѓу Реал Ваљадолид и Спортинг Хихион. По првата средба Ваљадолид има предност од 3:1.

(Mиа)

Коронавирус