петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 26
home Фудбал

Санчез затајувал данок додека играл за Барса, осуден на 16 месеци затвор

Санчез затајувал данок додека играл за Барса, осуден на 16 месеци затвор

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез е осуден на 16 месеци затвор поради затајување данок во Шпанија во висина од еден милион евра, но нема да ја отслужи казната зад решетки, бидејќи првпат направил таков прекршок и затоа што казната е помала од две години.

Поранешниот напаѓач на Барселона ја призна вината и ќе го врати споменатиот износ, со камата, но нема да оди во затвор, затоа што шпанскиот закон дозволува казната под 24 месеци да не се отслужува.

Чилеанецот е обвинет дека, додека играл за Барселона, во 2012 и 2013 година, тој не ги пријавил приходите од имиџ правата.

Ист договор со шпанските власти склучија Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Рикардо Карваљо и Жозе Мурињо, кои исто така признаа затајување данок.