понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 43
home Фудбал

„Сан“: Алегри го менува Артета во Арсенал

„Сан“: Алегри го менува Артета во Арсенал

Микел Артета е пред отказ на клупата на Арсенал, а на неговото место лондонскиот премиерлигаш ќе го назначи италијанскиот стратег Масимилијано Алегри, јавуваат англиските медиуми.

„Топчиите“ во воведните десет кола во Премиер лигата претрпеа пет порази и го имаат најлошиот старт во лигата од 1981 година.

Лондонски „The Sun“ објави дека Алегри е идеален избор за наследник на Артета.

Италијанецот, кој во минатото се поврзуваше со клупата на Манчестер јунајтед, во моментов е без ангажман, откако со Јувентус освои пет титули во Серија А, четири пати триумфираше во италијанскиот Куп, а на два пати стигна и до финалето во Лигата на шампиони.

Коронавирус