недела, 19. август 2018. Вести денес: 0
home Фудбал

Само две репрезентации имаат шанса трет пат да имаат најдобар играч на Светското првенство

Само две репрезентации имаат шанса трет пат да имаат најдобар играч на Светското првенство

На Светските фудбалски првенства почнувајќи од 1982 година се избира најдобар играч. На деветте Мундијали оттогаш Италија, Бразил и Аргентина по два пати го дадоа најдобриот, а по еднаш признанието му припадна на Германец, Уругваец и Французин.

Со оглед на тоа што италијанската репрезентација не е учесник на СП 2018 во Русија, шанса по трет пат да го имаат во своите редови најдобриот играч, имаат само Аргентина и Бразил.

Најдобри фудбалери на светските првенства – наградата се доделува од 1982 година:
1982 година Шпанија – Паоло Роси (Италија)
1986 година. Мексико – Диего Марадона (Аргентина)
1990 година Италија – Салваторе Скилачи (Италија)
1994 година САД – Ромарио (Бразил)
1998 година Франција – Роналдо (Бразил)
2002 година Јапонија / Јужна Кореја – Оливер Кан (Германија)
2006 година Германија – Зинедин Зидан (Франција)
2010 година Јужна Африка – Диего Форлан (Уругвај)
2014 година Бразил – Лионел Меси (Аргентина)

(Миа)