четврток, 28. јули 2022. Вести денес: 181
home Фудбал

Салернитана му нуди на Кавани по 200.000 евра за постигнат гол

Салернитана му нуди на Кавани по 200.000 евра за постигнат гол

Италијанскиот фудбалски прволигаш Салернитана по секоја цена настојува да го ангажира искусниот аргентински напаѓач Едисон Кавани, нудејќи му, притоа, и бонус во износ од 200.000 евра за секој постигнат гол, пренесуваат денеска локалните медиуми.

Во обид да го ангажира, Салернитана му нуди на Кавани договор од два милиони евра по сезона, како и капитенската лента, вклучувајќи и клаузула според која уругвајскиот фудбалер кога и да посака ќе може да замине од клубот без обесштетување.

Кавани имаше одлични сезони во италијанската Серија А како фудбалер на Палермо и Наполи пред да премине во ПСЖ.

Искусниот напаѓач минатата сезона ја мина во Манчестер јунајтед, а сега е слободен играч. (МИА)

Коронавирус