недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 89
home Фудбал

Салах за конфликтот меѓу Израел и Палестина: Ги повикувам светските лидери да стават крај на убивањето невини луѓе

Салах за конфликтот меѓу Израел и Палестина: Ги повикувам светските лидери да стават крај на убивањето невини луѓе

Египетскиот фудбалски репрезентативец и член на  Ливерпул, Мохамед Салах, ги повика светските лидери да помогнат да се стави крај на конфликтот меѓу Палестина и Израел, кој ескалира по судирите меѓу израелската полиција и Палестинците во Ерусалим.

– Ги повикувам сите светски лидери, вклучително и Премиерот на земјата што ми стана дом во последните четири години, да направат максимум што е во нивна моќ за да се стави крај на насилството и смртта на невини луѓе. Доста е, му порача Салах на Твитер на Борис Џонсон.

Во текот на развојот на ситуацијата, палестинското движење Хамас започна да извршува масовни ракетни напади врз градовите Израел, како одговор на ова, израелските вооружени сили започнаа да напаѓаат цели на палестинските територии. Пријавени се десетици смртни случаи и стотици повредени.

ЕУРО 2020

Македонија