вторник, 4. август 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Салах сака да помине долги години на „Енфилд“

Салах сака да помине долги години на „Енфилд“

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах изјави дека сака да остане во Премиер лигата долго време.

Египетскиот интернационалец, кој потпиша нов петгодишен договор во 2018 година, е најдобар стрелец на клубот оваа сезона со 17 голови.

Пред извесно време, напаѓачот беше поврзан со Реал Мадрид, но сега тој објави дека не размислува за трансфер.

– Јас сум многу среќен. Не можам да ги опишам чувствата по 30 години чекање. Уживам во сè во Ливерпул. Го сакам ова место и се надевам дека ќе останам овде долго време. Тука е многу различно од другите места. Сите се разбираме на совршен начин. Ако продолжиме вака, можеме да постигнеме повеќе. Тешко е да се задржи сегашното ниво, но не е невозможно, рече Салах. (МИА)

Коронавирус