вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Салах брутално му одговори на Рамос после неговата котроверзна изјава

Салах брутално му одговори на Рамос после неговата котроверзна изјава

Фудбалерот на Ливерпул и репрезентативец на Егиепет, Мохамед Салах, се огласи после контроверзната изјава на шпанскиот фудбалер Серхио Рамос.

Инаку, Салах доживеа сериозна повреда на рамото, после дуелот со Рамос во првото полувреме од финалето на Лигата на шампионите. Го пропушти најважниот натпревар во неговата кариера досега, а се уште не е сигурно дали ќе може да игра на светското првенство во Русија.

Одговарајќи на обвинувањата дека намерно го повредил Салах, Рамос даде изјава која предизвика вистинска бура во јавноста.

-Да примеше инјекција, можеше да игра и во првото полувреме. Јас такво нешто имам направено неколку пати. Не е голема работа, но делува дека кога Рамос ќе направи нешто, тогаш тоа добива малку поголемо внимание, вели Рамос.

-Тоа е смешно. Откако ме расплака, сега пробува да ме насмее. Можеби може и да ми каже дали ќе бидам доволно спремен за Светското првенство, кажа Салах и потоа продолжи.

-Кога паднав на земја почувствував физичка болка и грижа. Исто така, бев многу лут затоа што знаев дека нема да го продолжам мечот. Неколку минути подоцна помислив дека можеби нема да играм на Светското првенство. Тоа беше разочарувачки.

Египет после 28 години се пласираше на Светското првенство, а токму Салах со својот гол на дуелот со Конго донесе големо славје во својата држава.

 

Коронавирус