четврток, 2. декември 2021. Вести денес: 168
home Фудбал

Салах бара пола милион фунти неделно за нов договор со Ливерпул!

Салах бара пола милион фунти неделно за нов договор со Ливерпул!

Египертската суперѕвезда Мохамед Салах бара пола милион фунти неделна плата од англискиот великан Ливерпул за да го продолжи договорот со „црвените“, објавија дел од англиските медиуми.

Салах, кој е еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул има договор на „Енфилд роуд“ до летото 2023 година, а иако не е итно неговото продолжување на соработката, клубот веќе си зацрта како приоритет да договори нова долгорочна соработка, ама сега ќе треба да го направи „фараонот“ еден од најплатените на Островот, колку што зема и Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед.

Египќанецот игра извонредно откако во летото 2017 година дојде за 43 милиони евра од Рома, освои една европска и една премиерлигашка титула, а стана најефикасниот африкански фудбалер, откако во неделата со хет-трик го почести Манчестер јунајтед во англиското класико.

Инаку Салах пред неколку дена објави дека сака доживотно да остане во Ливерпул и дека не може да се замисли во некој друг клуб, ама сето тоа не е само до неговите желби, туку и до тоа што сака великанот од „Енфилд“.

Коронавирус