среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 11
home Фудбал

Сакаше да биде итар, па се посрамоти: Ваква глупост од голман немате видено (ВИДЕО)

Сакаше да биде итар, па се посрамоти: Ваква глупост од голман немате видено (ВИДЕО)

Несекојдневна и чудна снимка доаѓа од втората руска лига. Во главната улога е голманот Иван Ломајев кој сакаше да биде итар, а на крај испадна трагичар за својата екипа, пишува ГОЛ.МК.

Оренбург се израдува на победата против Крилја Советов со погодок од пенал во завршницата. Истиот немаше да биде толку популарен, да не беше „иновацијата“ на гостинскиот голман.

Наместо да застане на средина, Ломајев се обиде да го збуни ривалот и бранеше блиску до својата десна статива. На крај очекувано беше надмудрен и стана причина за сеир на социјалните мрежи, пишува ГОЛ.МК.

Коронавирус