сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 106
home Фудбал

Саботното градско дерби меѓу Бетис и Севиља под знак прашалник поради коронавирус

Саботното градско дерби меѓу Бетис и Севиља под знак прашалник поради коронавирус

Одигрувањето на градското дерби меѓу Реал Бетис и Севиља, во рамки на 17 коло во најсилната шпанска лига, е неизвесно, поради сомневање за нови случаи на заразени фудбалери со коронавирус во редовите на домашната екипа.

До овој момент во таборот на Бетис е потврден еден случај на коронавирус, откако беше соопштено дека Алекс Морено е во самоизолација поради позитивен наод на тестирањето во понеделникот.

Шпанските медиуми јавија дека денешниот тренинг на Бетис е одложен и целиот тим бил подложен на ново тестирање на коронавирус.

Според истите извори, во редовите на Бетис постои стравување дека резултатите од тестирањето ќе покажат присуство на коронавирус кај повеќе од тројца фудбалери, што клубот би го изолирало како жариште на заразата и би довело до одложување на утрешната пресметка со градскиот ривал Севиља.  (МИА)

Коронавирус