среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 139
home Фудбал

Саботажа во Премиерлигата: Шест клубови тајно кројат план за да се поништи сезоната?!

Саботажа во Премиерлигата: Шест клубови тајно кројат план за да се поништи сезоната?!

Иако до пред некој ден делуваше дека англиската Премиерлига е обединета околу продолжувањето на сезоната по секоја цена, сепак шокантни информации доаѓаат од Островот, откако медиуми откриле дека шест клубови воопшто и не сакаат да ја доиграат сезоната, а веќе почнале со саботажа практично сезоната да не се доигра.

Како можен термин за продолжување на сезоната беше утврден 12 јуни, а во петокот клубовите се согласија како да се продолжи со сезоната, но вистински пресврт имало за време на викендот. Во саботажата се вклучени клубови од долниот дел на лигата, кои „пресметале“ дека поисплатливо им е да не ја доиграат сезоната и така да си осигураат останување во елитата, отколку да ризикуваат во доигрувањето да испаднат спортски, зашто немаат никакви гаранции дека со тренажниот процес би достигнале форма која би можела да ги спаси.

Наводно во оваа група на екипи, кои ја саботираат Премиерлигата се Норич, Астон Вила, Бормут, Вотфорд, Вест Хем и Брајтон. Тие сега се обидуваат Премиерлигата практично да се откаже и да се поништи првенството, а со тоа практично да не дозволат од лигата да има испаѓање и така да си го зачуваат статусот во елитното натпреварување. Сега на оваа група ѝ треба само уште еден глас од уште еден клуб со што ќе ја урнат претходно донесениот план за продолжување на сезоната на три „неутрални“ терени – на Вест Хем, Арсенал и Манчестер сити.

За да се доигра сезоната треба двотретинско мнозинство, односно 14 клуба, а ако не се обезбеди мнозинство за продолжување, тогаш сезоната ќе мора да се прекине. Според најавите, веќе дел од овие клубови што сакаат да ја саботираат Премиерлигата, ги терале клупските лекари да ги плашат играчите со ризикот од Ковид-19 и прераното излегување на терен во ек кога во Вританија бројките и понатаму се ужасни, па со влевањето на тој страв практично сакаат да издејствуваат и бунт кај фудбалерите, со нивен „штрајк“ да не излезат на терен зашто не се безбедни.

Многу стручњаци во изминативе денови најавуваа дека Лигата може да стане нерегуларна ако само еден клуб се спротивстави на идејата за доигрување на сезоната и одбие да игра со образложение дека не е безбедно.

Останува да се види дали овие најнови информации на англиските медиуми се само шпекулации или навистина допрва англиската елита ќе се соочи со најголемиот проблем од кој неиграњето ќе значи загуба само од ТВ-права од над една милијарда евра.

Коронавирус