четврток, 6. мај 2021. Вести денес: 197
home Фудбал

Руските организатори на ЕП дадоа „зелено светло“ за навивачи од странство

Руските организатори на ЕП дадоа „зелено светло“ за навивачи од странство

Здравствените рестрикции поради Ковид-19 ќе бидат минимални за натпреварите од Европското фудбалско првенство, кои ќе се играат во Санкт Петерсбург, а стадионот ќе биде исполнет до 50 отсто од капацитет со дозвола за влез и за навивачи од странство, најави денеска генералниот директор на Организацискиот комитет Алексеј Сорокин.

-Се извинувам, но морам да кажам дека во поглед на оптимизмот ги престигнуваме организаторите на Олимписките игри. На Европското првенство (ЕП) гледаме со оптимизам. Постигнавме договор трибините да ги исполниме до 50 отсто од капацитетот. Работиме на тоа да им посакаме добредојде на навивачи од странство, а тоа властите не го одбија. Сигурен сум дека натпреварите ќе можат да се организираат со минимум ограничувања, изјави Сорокин за руските медиуми.
ЕП ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули во 12 европски градови.
Стадионот во Санкт Петерсбург има капацитет од 61.000 седишта и ќе биде домаќин на три натпревари од групата Б, во која покрај домаќинот Русија се и Данска, Финска и Белгија, како и на еден четвртфинален натпревар.
Русија го укина речиси сите здравствени мерки против коронавирусот, според последните податоци, од последици на заразата во земјата починале околу 200.000 луѓе.  (МИА)

Коронавирус