сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 63
home Фудбал

Русија сонува за нов подвиг против Хрватска, Англија во битка со Шведска за прво полуфинале по 1990

Русија сонува за нов подвиг против Хрватска, Англија во битка со Шведска за прво полуфинале по 1990

Домаќинот Русија и Хрватска вечерва од 20 часот влегуваат во цврста битка едни против други во последниот четвртфинален меч на Мундијалот 2018.

Тимот на Станислав Черчесов е „во облаци“ по нивните одлични перформанси досега и сонува за нов голем подвиг. Сепак, „коцкастите“ се со поинакво мислење и планираат да стават крај на приказната на „зборнаја“.

Русите важеа како апсолутен аутсајдер на Светското првенство, но тие целосно ги побијаа прогнозите и до денес се најпријатното изненадување. Домашната репрезентација успеа да ја мине прелиминарна група со две победи и еден пораз, а во осминфиналето ја елиминира големата Шпанија по пенали. Тоа сериозно ги зголеми очекувањата во земјата, но сега тимот треба да покаже дали навистина е способен да ги оправда.

Хрватска, исто така, може да биде горда на своите досегашни резултати. Тимот на Далиќ забележа три импресивни успеси во групата „Д“, која беше дефинирана како „група на смртта“ со екипите на Аргентина, Исланд и Нигерија. Сепак, во осминафиналето, екипата со многу напор успеа да го совлада непријатниот тим на Данска по пеналите. Сега Хрватите мора брзо да го вратат своето расположение и форма од почетокот на Шампионатот, бидејќи се соочуваат со тежок тест против дефанзивниот фудбал на Русија.

Домаќините имаат проблеми пред натпреварот. Ветеранот Јуриј Жирков е повреден и неговото учество е малку веројатно. Алан Џогоев не играше откако беше повреден во првиот натпревар од турнирот. Тој веќе продолжи со тренинзите, но неговото учество останува под сериозен прашалник. Добрата вест е дека Игор Смолников повторно ќе биде на располагање на тренерскиот штаб откако ја отслужи казната.

Кај репрезентацијата на Хрватска речиси нема проблеми со повредени и казнети. Единствено Иван Стриниќ има мала повреда, но Далиќ ќе има можност да го изведе најдоброто со што располага на денешниот меч во Сочи.

Инаку, денешната програма од четвртфиналната фаза на Светското фудбалско првенство во Русија започнува со дуелот помеѓу Англија и Шведска од 16 часот.

Тимот од Островот веќе почна да сонува за светската титула по успехот на пенали над Колумбија во претходниот круг, но сега нивната задача нема воопшто да е лесна. Скандинавците се доста незгоден ривал, кој исто така има свои амбиции и ќе стори се за да ги уништи сметките на противникот.

Тоа ќе биде 25-от дуел помеѓу овие два тима. Статистичките податоци покажуваат дека ниту еден од нив нема посебна предност. Англичаните имаат осум победи,  Швеѓаните – седум, а девет мечеви завршиле нерешено. Овие ривали имаат и два меѓусебни дуели на светските првенства, кои завршија нерешено – 1:1 во 2002 година и 2:2 во 2006.

Англија има една светска титула од далечната 1966 година, но тимот не може да се пофали со големи успеси потоа, откако единствено во 1990 година успева да стигне до полуфиналето.

Шведска нема титула, но сепак може да се пофали со едно второ, две трети и едно четврто место на завршниците на светските првенства. Сепак, последен пат, Швеѓаните ја минаа четвртфиналната фаза на Мундијалот во САД во 1994 година.

Селекторот Јане Андерсон има некои ситни проблеми со составот пред натпреварот. Со полесни повреди се Албин Екдал и Џими Дурмаз, па нивното учество во натпреварот ќе биде под прашање до последен момент. Во исто време, сепак ветеранот Себастијан Ларсон повторно ќе биде на располагање на тренерскиот штаб откако ја издржа казната. Микаел Лустиг сепак сигурно го пропушта натпреварот поради казна.

Во составот на Англија проблемите се многу поголеми и Герет Саутгејт најверојатно ќе направи доста промени во составот. Ешли Јанг, Деле Али и Кајл Вокер се здобија со повреди во мечот со Колумбија и нивното учество во натпреварот е малку веројатно. Џејми Варди исто е има повреда на бутината, но неговите шанси да се појави во игра се поголеми.

Коронавирус