петок, 23. август 2019. Вести денес: 50
home Фудбал

Русија ќе го поддржи Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА

Русија ќе го поддржи Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА

Рускиот фудбалски сојуз ќе ја поддржи номинацијата на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, за нов мандат на чело на светската федерација.

Оваа одлука беше донесена на денешниот состанок на Извршниот комитет на руската централа.

Инфантино веќе објави дека ќе се кандидира за нов мандат на изборите на ФИФА, што ќе се одржат на 5 јуни следната година во Париз. Крајниот рок за поднесување на пријавите е 5 февруари 2019 година.

Џани Инфантино ја предводи ФИФА од февруари 2016 година по корупцискиот скандал, поради кој Сеп Блатер ја напушти федерацијата.

МИА