вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 63
home Фудбал

Рушевиќ нов фудбалер на Работнички

Рушевиќ нов фудбалер на Работнички

Поранешниот младински фудбалски репрезентативец на Србија, Анес Рушевиќ, од денеска е нов играч на македонскиот прволигаш Работнички, потпишувајќи со скопскиот клуб договор до лето 2023 година.

Рушевиќ дојде од редовите на српскиот прволигаш Јавор Ивањица и во Работнички треба да ја засили конкуренцијата во нападот.

Дваесетипетгодишниот напаѓач претходно во кариерата настапуваше за српските екипи Пролетер од Нови Сад, Напредак Крушевац и Нови Пазар, а беше член и на повеќекратниот белоруски шампион Бате Борисов.

Коронавирус