сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 19
home Фудбал

Руни во четврток ќе дебитира за Дерби

Руни во четврток ќе дебитира за Дерби

Стрелецот број еден во историјата на Англија и Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, во четврток ќе го направи своето деби за неговиот нов клуб, Дерби Каунти, откри менаџерот на „овните“, Филип Коку.

34-годишниот Руни ја презеде улогата на помошник тренер во тимот од Чемпионшип дивизијата кон крајот на минатиот месец, но немаше право да игра пред да се отвори јануарскиот преоден рок. Сепак, тој ќе биде на линија за натпреварот со Барнсли на 2 јануари.

– Кога имате играч со квалитети, кариера и искуство на Руни, мора да бидете многу среќни. Тој е фит и може да биде стартер, но ќе му требаат неколку натпревари. Очекувањата за него ќе бидат големи, но треба да му дадеме неколку натпревари за да влезе во ритам и да се навикне на своите соиграчи. Тој можеби нема да биде совршен од почеток, но важно е тој да се приклучи на тимот што е можно поскоро, прокоментира Коку по вчерашната победа од 2:1 над Чарлтон Атлетик, која го остави Дерби на девет поени над зоната за испаѓање и подеднакво од местата кои се квалификуваат за плеј-офот.

Вејн Руни ќе стане најскапиот фудбалер во историјата на Чемпионшип, добивајќи сто илјади фунти неделно од спонзорот од „32Ред“.

Коронавирус