среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 196
home Фудбал

Руни: На Јунајтед му требаат две-три години да се врати во врвот

Руни: На Јунајтед му требаат две-три години да се врати во врвот

Вејн Руни смета дека на Манчестер му требаат две-три години за да се врати во врвот на англискиот фудбал. Тој го предводеше Дерби Каунти во синоќешниот меч во осминафиналето во ФА купот во кој „црвените ѓаволи“ славеа со 3:0.

Јунајтед практично е во криза од 2013 година и заминувањето на сер Алекс Фергусон, а, според поранешниот напаѓач на Манчестер и на Евертон, на екипата и требаат неколку години да биде конкурентна во борбата за шампионската титула со Сити и со Ливерпул.

„Мора да ангажираат некои фудбалери и истовремено да се откажат од некои. Тоа не може да се случи брзо. Се обидуваа и во Луј ван Гал, па со Жозе Мурињо. Погледнете го Ливерпул, изградија тим“, рече Руни.

Манчестер Ј. во моментот е на петото место на табелата во Премиер лигата, осминафиналист е во Лига Европа и четвртфиналист во ФА купот.

Коронавирус