недела, 15. септември 2019. Вести денес: 14
home Фудбал

Руни: Ако Ливерпул стане шампион, тоа ќе биде кошмар

Руни: Ако Ливерпул стане шампион, тоа ќе биде кошмар

Непријателството меѓу навивачите на Ливерпул и Манчестер Јунајтед е познато, а една од легендите на „црвените ѓаволи“ – Вејн Руни призна дека искрено се надева дека тимот од Мерсисајд нема да успее да ја освои титулата во Англија.

-Се надевам дека Манчестер Сити ќе стане шампион. Јас не би сакал поддржувачите на Ливерпул да слават. Ова е најлош кошмар за секој фан на Евертон. Се сеќавам дека Ливерпул ја освои Лигата на шампионите во 2005 година. Нивните обожаватели уште зборуваат за тоа! Ако триумфираат со титулата во Премиер лигата, нема да престанат да зборуваат за тоа барем 10-15 години, искрен беше Руни во етерот на радио „Талк Спорт“.

Поранешниот англиски репрезентативец, кој во моментов игра за Ди Си Јунајтед во САД, исто така, зборуваше дали е реално за Пол Погба да ја продолжи својата кариера од другата страна на Океанот.

-Многу фудбалери можеа да дојдат во МЛС и да бидат успешни. Вклучувајќи ги и моите поранешни соиграчи Пол Погба и Маркус Рашфорд. Знам дека Погба сака да дојде во САД, а една од причините е тоа што неговиот брат игра овде. Ако некогаш дојде до таков трансфер, тој ќе биде профитабилен за сите, рече уште Руни. (МИА)