сабота, 15. август 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Румениге: Целта на Баерн е да ги привлече најдобрите германски репрезентативци

Румениге: Целта на Баерн е да ги привлече најдобрите германски репрезентативци

Претседателот на одборот на директори на Баерн (Минхен) Карл-Хајнц Румениге рече дека целта на баварските гиганти е да ги привлечат најдобрите германски играчи.

Шампионот на Бундеслигата го финализира трансферот на репрезентативецот Лерој Сане од Манчестер Сити за 50 милиони евра.

– Задоволни сме затоа што во последните години Сане во повеќе наврати ги докажуваше своите квалитети на теренот, особено со репрезентацијата. Нашата цел е да ги собереме најдобрите германски фудбалери во Баерн, а привлекувањето на Лерој го потенцира нашето движење на овој пат, прокоментира Румениге. (МИА)

Коронавирус