недела, 16. мај 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Румениге: Ако некој може да го победи Реал, тогаш тоа е Баерн

Румениге: Ако некој може да го победи Реал, тогаш тоа е Баерн

Претседателот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге верува дека тимот од Минхен може да се пласира во финалето од Лигата на шампионите.

Баварците во полуфиналето ќе играат со Реал, а Румениге смета дека токму неговиот клуб е тој што може да му застане на патот на европскиот првак.

– Ако некој сега може да го порази Реал Мадрид, тогаш тоа е Баерн Минхен. Мораме да дејствуваме постепено, чекор по чекор. Задоволен сум од начинот на кој Баерн играше на последната средба на Купот на Германија со Баер (6:2). Сите играчи покажаа одличен карактер, рече Румениге.

МИА

Коронавирус