вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдоманија во Торино: Каде и да тргне околу Кристијано е гужва- остана уште промоцијата, еве што правеше досега (ФОТО+ВИДЕО)

Роналдоманија во Торино: Каде и да тргне околу Кристијано е гужва- остана уште промоцијата, еве што правеше досега (ФОТО+ВИДЕО)

Фудбалскиот клуб Јувентус вечерва на „Јувентус Арена“ во Торино ќе го претстави најголемото засилување во историјата на клубот- Португалецот Кристијано Роналдо.

Промоцијата пред новинарите ќе биде вечерва на прес конференција, на која ќе присуствуваат голем број новинари од секаде во светот.

Во Торино владее голема еуфорија. Дресовите со број седум се најбараната гардероба во овој град. Продажбата оди и повеќе од одлично, иако цената на еден дрес е 145 евра.

Португалецот досега ги помина лекарските прегледи и потпиша договор вреден 112 милиони евра, од кои 100 одат за Реал Мадрид, а тој после девет години ги напушти Сантијаго Бернабеу.

Јувентус ќе биде четвртиот клуб во кариерата на Роналдо, после Спортинг, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

Навивачите се воодушевени од фактот дека Кристијано ќе го носи дресот на Старата дама и веруваат во освојување на Лигата на шампионите.

Коронавирус