недела, 27. септември 2020. Вести денес: 30
home Фудбал

Роналдо за легендата која и денеска се раскажува во Мадрид: Ги „дриблав“ и телохранителите на Флорентино

Роналдо за легендата која и денеска се раскажува во Мадрид: Ги „дриблав“ и телохранителите на Флорентино

Легендарниот Хорхе Валдано седна на маса и му направи ексклузивно интервју на уште поголемата фудбалска легенда, Роналдо Назарио, па нивната средба во импровизираното студио на „Мовистар“ секако донесе многу интересни анегдоти.

Сепак, во прв план изби легендата за лудите и незаборавни забави кои ги правел бразилскиот напаѓач како член на Реал Мадрид, особено онаа кога славел роденден и кога во неговиот дом пристигнал цел автобус со девојки.

– Навистина постои легенда за моите забави, но мислам дека работите се зголемуваат од тоа што вистина се случуваше. Понекогаш можеби навистина премногу се забавував, но секогаш гледав да бидам одговорен и се обидував тоа да не се одрази на моето тело.

– Исклучок беше само роденденот над родендените. Тој роденден остана запаметен како најголем во историјата. Пристигнувањето на автобусот беше навистина ужасно, – со насмевка на лицето се потсетува „Феноменот“ и открива како успевал да го издрибла обезбедувањето на Флорентино Перез кои праќал свои луѓе на забавите со цел да го чуваат напаѓачот.

– Флорентино ги ангажираше своите телохранители и доаѓаа во мојата куќа да ме чуваат. Сепак, јас успевав да ги издриблам и нив и добар дел завршуваа со нас на забавата. Вистина е дека сакав да прославам после победа, проблем беше што ние речиси секогаш победувавме, – завршува Роналдо.

Коронавирус