Португалецот наводно веќе ја изразил желбата да го напушти „Сантијаго Бернабеу“, а поедини медиуми соопштуваат дека веќе сѐ е подготвено за негова селидба во Торино.
Тоа би било навистина сензационален трансфер, а иако сѐ уште не го облекол дресот на Старата дама, Роналдо уште од сега влијае врс растот на вредноста на акциите на овој славен италијански гигант.
Како што стануваат се погласни шпекулациите дека роналдо доаѓа во Јувентус, така вредноста на акциите на Старата дама растат сѐ повеќе и повеќе на берзата.
Имено како резултат на најавата за трансфер на најдобриот светски фудбалер вредноста на клубот се зголеми за 160 милиони евра, односно забележан е пораст на акциите за 22%. Моменталната вредност на клубот изнесува 825 милиони евра, а истата пред само три дена беше 665 милиони.
А, доколку трансферот се оствари, Јуве експресно брзо ќе ги врати вложените средства…