четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 57
home Фудбал

Роналдо со своето Бентли на тренинг, а зад него бодигарди (ФОТО)

Роналдо со своето Бентли на тренинг, а зад него бодигарди (ФОТО)

Утрово Роналдо беше забележан како на тренинг пристигнува придружуван од двајца бодигарди кои возеа веднаш зад неговиот автомобил, а наводно ги најмил уште по самото пристигнување на Островот.

Во стилот на голема фудбалска ѕвезда, Кристијано Роналдо има најмено приватни бодигарди кои го придружуваат веднаш зад неговиот автомобил на патот за тренинг центарот на клубот во Карингтон.

Роналдо беше одморен за вчерашната пресметка со Вест Хем во Карабао купот, која „Црвените ѓаволи“ на свој терен ја загубија минимално и забележаа елиминација уште во раната фаза од тоа натпреварување.

Инаку, Португалецот по своето враќање во Манчестер јунајтед во летниот преоден рок, досега на три меча успеа да постигне четири погодоци во сите конкуренции.

Локални избори 2021