среда, 14. ноември 2018. Вести денес: 124
home Фудбал

Роналдо: Сите очекуваме повеќе од Нејмар

Роналдо: Сите очекуваме повеќе од Нејмар

Легендарниот напаѓач на бразилската репрезентација Роналдо рече дека од Нејмар очекувал подобар настап на Светското првенство.

– Морам да признам, сите повеќе очекувавме од Нејмар, бидејќи тој е главен напаѓач на земјата. Но, сега се е веќе зад нас. Се уште не разговарав со него, но беше јасно дека тој беше ограничен на теренот. Не знам дали ова се должи на повреда или нешто друго. Мислам дека од ова Светско првенство, Нејмар има многу да научи, вели Роналдо.

Се осврна и на критиките упатени до Нејмар за честите лежења на теренот.

– Тој е млад и талентиран, но исто така има и голема одговорност. Симулации? Зборував со него пред пет години и го прашав за тоа, и тој рече дека на многу натпревари тој реагира на удар на таков начин што противникот ќе престане да го тепа.

Бразилците стигнаа до четвртфиналето каде беа елиминирани од Белгија.

Нејмар Мундијалот го заврши со два гола и една асистенција.

(Миа)