петок, 18. септември 2020. Вести денес: 145
home Фудбал

Роналдо: Сезоната заврши подоцна од вообичаеното, но за нас порано од очекуваното

Роналдо: Сезоната заврши подоцна од вообичаеното, но за нас порано од очекуваното

Најдобриот фудбалер на Јувентус, Кристијано Роналдо ја сумираше сезоната 2019/20. Клубот од Торино стана деветта година по ред шампион на Италија, но вчера беше елиминиран во осминафиналето од Лигата на шампионите.

– Сезоната 2019/20 заврши за нас многу подоцна од вообичаеното, но сепак порано отколку што очекувавме, напиша Роналдо на Инстаграм.

Време е да се размислиме, да се анализираат подеми и падови, бидејќи критичкото размислување е единствениот начин да се подобриме. Врвен клуб како Јувентус секогаш мора да мисли како најдобар на светот, да работи како најдобар на светот, за да можеме да се наречеме еден од најдобрите клубови во светот, дополни Португалецот.

– Горди сме на уште една победа во Серија А во толку тешка година. Јас имам постигнато 37 гола за Јувентус и 11 за Португалија. Ме тера да гледам кон иднината со нови амбиции и желба да постигнеме подобри резултати секоја година. Но, фановите бараат повеќе од нас. Тие очекуваат повеќе од нас. Ние мора да работиме, мора да исполниме големи очекувања, посочи ѕвездата на Јувентус.

Роналдо е убеден дека по кусиот одмор, во клубот ќе се донесат правилни одлуки за иднината.

– Да се вратиме посилни и пофокусирани од кога било, порача првиот стрелец на Јувентус.

Управата на клубот веќе го направи првиот чекор и уште вечерва на местото на Маурицио Сари за нов тренер го постави Андреа Пирло.

Коронавирус