понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 117
home Фудбал

Роналдо се соочува со судење за силување во Лас Вегас

Роналдо се соочува со судење за силување во Лас Вегас

Каталонскиот весник Спорт пишува дека Кристијано Роналдо во декември ќе мора да оди на суд во Лас Вегас. Станува збор за случај на силување од 2009 година, што се случило во Невада.

Девојката Кетрин Мајорга го обвинила славниот фудбалер за силување, а во 2010 година тој и платил 300 илјади евра за да не излезе во јавноста ниту едно од нејзините обвинувања.

Сепак, Мајорга била инспирирана од движењето #MeToo во 2018 година со приказната што излезе во јавноста. Таа го изгуби првиот судски процес поради недостаток на докази. Потоа, таа поднесе приватна тужба против Кристијано Роналдо, која што ја доби.

Фудбалерот очигледно ќе мора да оди на суд во декември доколку неговите адвокати не успеат да постигнат договор со Мајорга.

Да потсетиме, настанот се случил летото 2009 година откако Кристијано Роналдо склучил трансфер во Реал Мадрид од Манчестер Јунајтед. Тој се одлучил да го прослави потегот во ноќен клуб во Лас Вегас, каде Мајорга работела како хостеса.

Тој платил за нејзините пијалоци и ги поканил неа и нејзините пријателки во хотелски апартман на забава. Роналдо никогаш не негирал дека се случил сексуалниот однос, но според него девојката се согласила, додека нејзината верзија на приказната е спротивна.

Коронавирус