сабота, 31. јули 2021. Вести денес: 4
home Фудбал

Роналдо се огласи по елиминацијата на Португалија и испрати џентлменска порака!

Роналдо се огласи по елиминацијата на Португалија и испрати џентлменска порака!

Поразот од Белгија во осминафиналето на Европското првенство тешко му падна на капитенот на репрезентацијата на Португалија, Кристијано Роналдо, кој според зборовите на селекторот Фернандо Сантош дури и плачел во соблекувалната!

Еден ден подоцна, еден од најдобрите играчи во светот на сите времиња се огласи на Инстаграм откако Португалецот испадна од ЕУРО, веројатно последниот на кој играше.

„Не го постигнавме посакуваниот резултат и полетавме пред да се приземјиме. Но, ние сме горди на нашето патување на овој турнир. Дадовме се од себе да ја одбраниме европската титула. Овој тим покажа дека сепак може да и донесе радост на Португалија “- рече Роналдо и додаде:

„Навивачите неуморно не поддржуваа од првиот до последниот момент. Се боревме да ја оправдаме таа доверба. Не успеавме да стигнеме таму каде што сакавме, но благодарни сме за сè. Честитки за Белгија и со среќа на останатите тимови. Ќе се вратиме посилни. Напред Португалија“.

Инаку, Португалците загубија од Белгија со 1-0 (голот го постигна Торган Азар), иако имаа неколку одлични шанси за израмнување во второто полувреме. Тие дури погодија и статива, но Белгија е таа што ќе се соочи со Италија во четвртфиналето.

Коронавирус