Фудбал

Роналдо се огласи: Ова е вистинската причина зошто не присуствуваше на погребот на Жота

Роналдо се огласи: Ова е вистинската причина зошто не присуствуваше на погребот на Жота

Португалија остана во неверување, а кај јавноста се појави и гнев поради фактот што еден од најдобрите фудбалери во светот и капитен на националниот тим на земјата, Кристијано Роналдо, не присуствувал на погребот на загинатите Диого Жота и неговиот брат Андре Фелипе.

Шпанските медиуми дури објавија дека во тој момент Роналдо бил на јахта во близина на Палма де Мајорка на одмор, па многу Португалци беа многу бесни на оваа информација.

Се знае дека Роналдо бил голем пријател на Диого Жота, па на сите им било уште почудно што тој не бил таму за да му оддаде последна почит, бидејќи, меѓу другото, таму бил и Рубен Невеш и тоа само 12 часа откако играл за Ал Хилал.

Сепак, Роналдо го контактирал семејството на жртвата и изразил сочувство, а како што објави англискиот „Мирор“, позната е и причината зошто Кристијано не се појавил на погребот.

Според извештаите, тој донел таква одлука за неговото присуство да не ја наруши малата средина како што е Гондомар. Односно, да не привлече дополнително поголемо внимание со неговото појавување.

Португалецот оваа одлука ја објаснил и на семејството на Жота.

Покрај тоа, Роналдо понудил секаква помош во иднина на сопругата наДиого, Рут Кардозо и за нивните три деца. Некои медиуми пишуваат дека меѓу понудената помош било и покривање на сите трошоци за сите три деца до завршување на нивното школување.

To top