вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 163
home Фудбал

Роналдо се огласи на ФБ – еве што порача откако беше заменет

Роналдо се огласи на ФБ – еве што порача откако беше заменет

Одлуката на Сари во 55. минута да го замени Кристијано Роналдо од игра, предизвика негативна реакција кај португалскиот играч, а за тој случај зборуваат сите релевантски медиуми.

Во одбрана на Маурицио Сари и неговиот потег, застана неговиот колега, Фабио Капело.

„Кристијано е сигурно голем шампион, тоа не е под знак прашалник воопшто, но последните три години тој не успеа никого да предрибла. Моментално не му оди најдобро и нормално е дека тренерот некогаш ќе го замени“.

„Сари треба да биде храбар и да го покаже својот карактер со цел тоа да го промени. Не е убаво што тој не седна на клупа по измената и што се расправаше со Сари. Човекот мора да биде шампион и кога го вадат од игра, а не само кога работите одат добро. Мора да се почитуваат соиграчите и да нема такви реакции“, рече Капело.

Јувентус со вчерашната победа се зацврсти пред Интер на табелата, а Милан со поразот го прати на 14. позиција.

Денеска на социјалните мрежи се огласи и Португалецот:

-Тежок натпревар, важна победа, напиша Роналдо на ФБ.