вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 62
home Фудбал

Роналдо: Рангник направи многу промени во Манчестер, му треба време да ги пренесе своите идеи

Роналдо: Рангник направи многу промени во Манчестер, му треба време да ги пренесе своите идеи

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо се осврна на работата на тренерот Ралф Рангник.

– Тој пристигна пред пет недели и многу промени. Но, му треба време да ги пренесе своите идеи до играчите. За ова е потребно време. Сепак, верувам дека добро ќе ја заврши работата. Знаеме дека не играме најдобар фудбал, но имаме многу натпревари за да ја подобриме ситуацијата. Мислам дека со неговото доаѓање во некои елементи почнавме да играме подобро. Не е така лесно да се смени менталитетот на играчите и начинот на игра, системот. Верувам дека ќе заврши добра работа, изјави 36-годишниот Португалец.

Манчестер јунајтед е 7-ми на табелата во Премиер лигата со 31 бод на 19 натпревари.

Коронавирус