понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 181
Во живо

Следете во ЖИВО прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

home Фудбал

Роналдо пронајде начин како да им се извини на сите во Јувентус

Роналдо пронајде начин како да им се извини на сите во Јувентус

Кристиано Роналдо на репрезентативниот собир замина незадоволен, тоа можеше да се заклучи по неговата ракција откако Маурицио Сари го замени против Милан.

Роналдо во натпреварот со Милан беше заменет во 55-тата минута, а го напушти „Алијанц Стадионот“ пред завршувањето на натпреварот.

Седум дена откако со Португалија се избори за настап на Европското првенство Роналдо се огласи за целата ситуација.

„Во последните три недели сум многу револтиран и се обидувам да ги докажам моите квалитети. Бев сменет на последните два меча, а сите знаете колку не го сакам тоа. По измените, во моите гестикулации и изјави нема ништо контроверзно. Се обидов да му помогнам на Јувентус, иако бев повреден, но дури и во таква ситуација не сакам да бидам сменет“, изјави Роналдо.

Освен тоа медиумите во Италија пишуваат и дека Роналдо пронашол начин како да се извини на целиот тим. Имено, Португалецот одлучил да го собере целиот тим на вечера во недела после натпреварот на Јувентус против Аталанта (15:00 часот).

извор: sportski.mk

Коронавирус