петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 189
home Фудбал

Роналдо повторно ќе ја носи „7“ во Јунајтед

Роналдо повторно ќе ја носи „7“ во Јунајтед

Португалецот Кристијано Роналдо ќе го носи бројот седум на дресот на Манчестер јунајтед како што тоа беше случај додека настапуваше за премиерлигашот во периодот од 2003 до 2009 година.

За Роналдо да ја носи „седумката“ отстапка мораше да направи уругвајскиот напаѓач Едисон Кавани, кој отсега ќе игра во дресот со бројот 21, објавија денеска британските медиуми.

– Не бев сигурен дали повторно ќе можам да го имам бројот седум на дресот и затоа големо благодарам до Кавани за неговиот убав гест, изјави Роналдо.

Португалскиот напаѓач би можел да дебитира за „црвените ѓаволи“ на 11 септември на првенствениот натпревар против Њукасл.

Локални избори 2021